Со задоволство ве известуваме дека младинската школа на КК Мега Баскет Прилеп започнува со упис на нови членови на возраст од 7 до 14 години. Ова е одлична можност за вашите деца да се запознаат со основите на кошарката, да го развијат својот спортски потенцијал и да станат дел од нашата кошаркарска заедница – информираат од прилепскиот кошаркарски клуб Мега Баскет.
-Со гордост ја најавуваме улогата на тренер за младинските категории оваа година, која ќе ја преземе Стефан Стевананџија, дипломиран професор по физичко и здравствено образование и долгогодишен капитен на првиот тим на КК Мега Баскет Прилеп. Неговото искуство и посветеност во развојот на младите таленти се гаранција за квалитетна спортска обука и пријатна атмосфера на тренинзите.
За сите заинтересирани родители и млади кошаркари, за повеќе информации околу процесот на регистрација, распоредот на тренинзите, како и за дополнителни прашања, ве молиме контактирајте нè на телефонскиот број 076-744-788 (Стефан).
Да ја градиме заедно иднината на кошарката, чекор по чекор, играч по играч! Ви посакуваме среќен почеток на учебната година и се радуваме на нашите идни средби на кошаркарските терени – стои во соопштението од клубот.