“Сака ли да каже “ЈП за ПУП” дека со скала ќе се влегува во автобусите?” (ФОТО)

Oпштина Прилеп и Општина ЈП за ПУП ја демантираа веста за тоа дека еден од четирите нови автобуси кои ги набави општината се расипа при првото возење.

“Општина Прилеп и ЈП за ПУП најенергично ги демантираат шпекулативните и клеветнички информации на порталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за наводниот дефект на еден од новите автобуси на метан”, велат тие во дел од соопштението.

Според фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција, еден од автобусите на метан бил застанат на патниот правец Прилеп-Битола, а до него може да се забележи скала и друго возило.

Според информациите кои ги добивме, автобусот тука стоел околу 4 часа.

Ако не се работи за дефект, зошто тогаш се вршела интервенција на автобусот и за што била потребна скала?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.