По повод одржувањето на Саемот на Училишните компании во СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу“ -Прилеп, училиштето беше посетено од страна на деветоодделенците од Основните училишта од нашиот град. Деветоодделенците градот покрај посетата на штандовите од училишните компании, на коишто имаа прилика да видат сè што сработиле учениците од IV година, на часовите по Практична настава, ја посетија и Реалната компанија – Книжарницата, која работи во склопот на училиштето СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу,,-Прилеп.
Реалната компанија-Книжарницата е наменета пред сè за учениците од училиштето, како и за потребите на учениците од другите училишта, но и за граѓаните кои имаат потреба од користење на услугите што ги овозможува истата..
Учениците од училиштето СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу“, во Реалната компанија изведуваат дел од часовите за слободни училишни активности, практична настава како и користење на услугите за копирање, печатење на проекти и семинарски работи и извршување на дел од домашните задачи, со користење на фотокопирот, компјутерот и печатачот, односно комплетна примена на информатичката технологија која се врши под контрола на професорките задолжени за истата.
Реалната компанија – Книжарницата располага и со различни видови на училишен прибор, канцелариски материјал и други производи за учениците и граѓаните од Прилеп.
Сето ова е постигнато благодарение на директорот Васил Гајтаноски, кој менаџира како со училиштето, така и со Реалната компанија.