САД: Нучници добија дозвола да оживуваат мртви

ekspe-640x396

Американски компании добија дозвола да се обидат да ги оживеат луѓето кои доживеале мозочен удар.

Експериментите ќе вклучуваат низ различни техники, вклучувајќи ласери и третмани со матични клетки.

Во првата фаза од тестирањето ќе бидат 20 субјекти за да се утврди дали покажуваат било какви знаци на регенерација или пресврт на процесот на мозочна смрт, пишува Индепендент.

Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да ги одржат во живот мозочно мртвите пациенти така што ќе поттикнат обновување на мозочното ткиво, што моментално не е можно да се изведе.

Кога еднаш мозокот ќе изумре, луѓето повеќе не можат да се вратат во живот, без оглед на тоа што нивното тело и понатаму расте, зараснува, ја вари храната, произедува фекалии и хормони итн.

Иако мозокот од човечки вид не се обновува, оваа карактеритика може да се воочи кај некои видови риби и водоземци.

Американските компании „Биокварк“ и „Ревита Лајф Сајнс“ се надеваат дека истиот ефект ќе го произведат и кај луѓето и истакнуваат дека новата техника еден ден би можела да биде од голема корист на заболените од Алцхајмер и Паркинсонова болест.

Експериментите ќе бидат вршени во Индија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.