Денеска Општинската изборна комисија во Могила им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник и на новите советници од Советот на општина Могила.
По ова следуваше примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Могила.
На местото на досегашната градоначалничка од СДСМ, Јасмина Гулевска, доаѓа Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој со резултат 2:1 победи во првиот круг на изборите на 17.октомври.
Во новиот Совет на општина Могила кој брои 11 советници, најмногу мандати освои ВМРО ДПМНЕ и има 6 советници, 3 од СДСМ и 2 советника од независни листи.