РК Прилеп го совлада последниот на табелата РК Работнички во петнаесеттото коло од ракометната Супер Лига.
Прилепчани со рутинска победа ја оправдаа улогата на фаворити на денешното гостување во Скопје.
Натпреварот заврши со резултат 28-37 за РК Прилеп, а на полувремето беше 14-18. Тренерот Ице Соколески им даде шанса на сите 16 играчи кои беа во комбинација за денешниот меч.