РУСКИТЕ БОМБАРДЕРИ срамнија со земја фабрика за хемиско оружје – ВИДЕО

Avioni-bombarderi-Rusija-PS-600x405

Во денешните  руски воздушни напади на Рака, бастионот на Исламска држава на северот на Сирија, загинаа најмалку 30 луѓе, вклучувајќи цивили и џихадисти, соопштила сириската Опсерваторија за  човекови права.

Опозиционата организација со седиште во Лондон, тврди дека се изведени 10 напади на градот и околината во кои се убиени најмалку 30 луѓе, додека 70 се ранети.

Руското министерство за одбрана потврди дека шест авиони од типот Tupoljev -22М3 бомбардирале цели на ИД во областа на градот Рака и дека уништиле фабрика за хемиско оружје на северозападот на градот.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.