Америка во Авганистан ја искористи “Мајка на сите бомби” – GBU – 43, која е претставена како најмоќното не-нуклеарно оружје кој моментално Пентагон го поседува, но експертите тврдат дека Русите го имаат “Таткото на сите бомби”, кој е уште посилен.
Американската “Мајка на сите бомби”, како што ја нарекуваат, со своите 11 тони тежина и можност да пробие 60 метри дебели армирани бетони, сепак не е најсилното не-нуклеарно оружје на светот.
Како што пишува израелскиот весник “Харец”, четири години откако САД во 2003 година прв пат ја тестираа својата бомба, Русија претстави своја верзија.
Се работи за ракета која е четири пати посилна од американската. Руски воен службеник тогаш рекол дека на “Таткото на сите бомби” му нема ривал на светот.
Погледнете за што се работи:
А.Г.