Бизарното видео наводно е снимено на еден ранч надвор од Москва, каде бизнисменот, кој заработил цело богатство после падот на СССР, се повлекол кога се уморил од градскиот живот.
Маж кој седи во голем котел над запален оган, може да звучи како детал од некоја мрачна приказна, но тоа навистина се наоѓа помеѓу содржините на јутјуб каналот на еден руски бизнисмен.
Во прашање е скандалозниот тајкун, Герман Стерлигов. На снимката објаснува дека ова е одличен начин да се “излечат различни болести”.
“Само седнете”, вели тој. Рецептот за “лековит гулаш” кој контроверзниот лик го готви вклучува и билки и многу сол.
Стерлигов е многу горд на својот лонец, кој според неговите зборови е стар 200 години и направен е од бакар.