Руската амбасада во земјава го честиташе 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
„Му го честитаме на братскиот македонски народ Денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празник“, стои во објавата на Твитер профилот на Амбасадата.
Од таму ја цитираат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин:
„Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја – Владимир Путин“, посочуваат од руската амбасада.
„Невозможно е да се прецени значењето на светите Кирил и Методиј за развојот на словенските јазици, вклучително и рускиот и македонскиот. Тешко е да се замисли многу од најголемите богатства на светската литература без писмото што го користиме благодарение на Солунските браќа“, стои во друга објава на Твитер-профилот на Амбасадата.
Му го честитаме на братскиот македонски народ Денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празник.
??"Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја" – Владимир Путин pic.twitter.com/hUqwYtMORz— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 24, 2021
Невозможно е да се прецени значењето на светите Кирил и Методиј за развојот на словенските јазици, вклучително и рускиот и македонскиот. Тешко е да се замисли многу од најголемите богатства на светската литература без писмото што го користиме благодарение на Солунските браќа pic.twitter.com/dT15w0pa9Q
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 24, 2021