Руската амбасада во Загреб под “опcaда”: Хрватите масовно бараат руска вакцина

Илјадници хрватски граѓани деновиве контактирале со вработените во руската амбасада во Загреб во потрага по руска вакцина против коронавирус.

Хрватските власти сè уште не испратиле официјално барање за набавка на „Спутник Ве“, пренесуваат медиуми.

Граѓани, вклучително и руските државјани во Хрватска, прашуваат дали можат да се вакцинираат во руската амбасада или да купат вакцина таму, каде и како можат да ја направат вакцината, додека некои прашуваат дали можат да патуваат во Русија и да добијат вакцина.

„Секако дека би сакале да помогнеме, но не вакцинираме, ниту набавуваме вакцини“, изјавија од Амбасадата за „Вечерњи лист“, додавајќи дека само руски граѓани се вакцинирани во Русија.

Според руската амбасада, за увоз на какви било лекови во Хрватска потребни се соодветни дозволи од државните органи и надлежните институции на Европската унија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.