Русија бара да биде прекинат надворешниот притисок врз Македонија

Русија повикува да биде прекинат надворешниот притисок врз Македонија и да им се овозможи на одговорните политички сили во републиката сами да го определат натамошниот развојот на земјата, посочи руското МНР, пренесува ТАСС.

rusija-2

Од Министерството велат  дека на 27 април опозицијата во Македонија, заобиколувајќи ја вообичаената постапка, избрала претседател на парламентот – Албанец по националност. Во знак на протест, активистите од движењето „За обединета Македонија” упаднаа во зградата на парламентот во Скопје и предизвикаа немири.

„Во сегашнава ситуација може да биде најдено соодветно решение само преку внатрешно-македонски дијалог во рамките на уставно-правната област“, изјавија од руското МНР.

„Неопходно е да биде прекинат секаков надворешен притисок и да им се овозможи на одговорните политички сили на Република Македонија сами да го одредат идниот развој на земјата”, се истакнува уште еднаш во реакцијата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.