Русите ќе ја „колонизираат“ Месечината

1

Ќе се користи специфична платформа за симулирање на условите, најмногу гравитацијата на Месечината, која е изработена од RSC Energia уште на почетокот на 70. години од минатиот век. Резултатите треба да откријат како најефикасно астронаутите да се движат по месечевата површина и како најдобро да го користат роверот.

„Ги спроведуваме овие експерименти за да видиме на што треба да обрнеме внимание. Месечината не е лесно место за движење во скафандер, па ќе има потреба од посебна опрема за транспортирање“ – вели Александар Полишкук, заменик на шефот на проектот.

Со овој експеримент Русија ќе биде чекор поблиску до формирање на трајни бази на нашиот природен сателит. Во 2024 година се планира да се лансира сонда која ќе ја избере локацијата за базата, а целта на колонијата ќе биде од истражувачка природа и за ископување на минерали.

Се планира првата мисија да брои четири члена, а се опремува со капацитет на 10 до 12 лица да престојуваат во одреден период. Електраната, како и самата база се планира да биде под површината за да персоналот биде заштитен од космичката радијација која би претставувала опасност за нив.

Русите работат во моментот на нивната ракета „Ангара“ и во план се до шест лансирања, секое од тие би значело нов модул за базата. Изградбата се очекува да трае повеќе од десет години




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.