Сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина е ybиен во руското гpaнатирање, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко.
Богдан Стефанишин беше ybиен пред два дена за време на руско гpaнатирање додека се обидуваше да ги евакуира цивилите од Чернихив.
-Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36 дена од вojната. Сопругот на мојата колешка Олха Стефанишина беше убиен. Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија, напиша Василенко на Твитер.
Yesterday I cried more than in all the other 36 days of war. The husband of my colleague Olga Stefanyshyna, MP, was killed. He died a hero, trying to evacuate civilians from #Chernihiv. Unimaginable tragedy
— Lesia Vasylenko (@lesiavasylenko) April 1, 2022
Во ноќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски ги предупреди Украинците дека руските сили кои се повлекуваат во близина на Киев, оставаaт мини во целата област, вклучувајќи ги и областите околу домовите и телата што останале.
„ Тие ја минираат целата територија. Минираат куќи, ја минираат опремата, дури и телата на ybиените. Поставија многу жици и оставија зад себе многу други опасности“, рече Зеленски.