Ротари клубот Прилеп денеска донираше професионален дрон на Територијалната противпожарна единица Прилеп, во присуство на претставници на ТППЕ Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп, претставници на медиумите и ротаријанци.
Оваа донација произлезе од успешно организираниот настан: „Хуманизам преку хедонизам – оксиморон или реална можност“.
Целта со оваа донација е технички да се опреми ТППЕ Прилеп за извидување / следење пред се’ на пожарите на отворено коишто во оваа и изминатите години ги имаше во голем број, но и следење на пожарите во урбаните средини.
Вредноста на донацијата е околу 1.300 евра. Заложбата е оваа опрема да се користи и од страна на Шумската полиција во следење и откривање на дивата сеча на шумите.
Паралелно, обезбедуваме професионална обука за употреба на дронот за вработените во ТППЕ Прилеп и други заинтересирани лица.
Правиме промени за доброто на заедницата, за поубаво и побезбедно место во кое сакаме да живееме!

























