По сезоната од соништата во дресот на Ајакс, Де Лихт одлучи да направи нов чекор во својата кариера и да потпише за некој од поголемите клубови, кои пак веќе со месеци се борат за неговиот потпис.
Во првиот ред беше Барселона, па Манчестер Јунајтед, па ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн и Јувентус.
Но, се чини дека токму „Старата дама“ победила во играта за Де Лихт, открива холандски „De Telegraafa“, според кого Јувентус ќе му плати на Ајакс 70 милиони евра, а тој ќе заработува 20 милиони евра годишно.
Холандскиот репрезентативец во моментов е со својата девојка на одмор во Мајами, каде ќе мора добро да размисли за промена на средината иако веќе е јасно чиј дрес ќе облече.
На Јувентус му е потребен играч од калибарот на Де Лихт, кој во моментов е најдобрата опција во трката за првиот пехар во ЛШ.