Роналдо и дефинитивно е во конфликт со соиграчите – никој не му се појави на премиерата од филмот

Кристијано Роналдо е најдобар фудбалер на Реал Мадрид, но сигурно не е најомилен во редовите на “кралскиот клуб” кога станува збор за односите меѓу самите играчи на мадридскиот гигант.

Ronaldo3-470x396

Доказ за тоа беше и премиерата за документарниот филм на Португалецот што се одржа во Лондон, а на која не присуствуваа ниту еден негов соиграч од Реал Мадрид, ниту пак член на стручниот штаб на “кралевите”.

Очигледно е дека нешто не е во ред со односот на Роналдо кон соиграчите, како поинаку би објасниле ниту еден од нив да не дојде на премиерата на неговиот филм. Тука беа Алекс Фергусон, Гери Невил, Луис Саха, но немаше ниту еден член на Реал, пишуваат шпанските медиуми.

Роналдо нема високо мислење за тренерот Рафа Бенитез, чии дефанзивни тактики го фрустрираат најдобриот стрелец на Реал. Тој веќе подолго време е во конфликт и со Герет Бејл, претходно не се “мирисаше” ниту со Икер Касилјас, па јасно е дека голем дел од вината сигурно е и кај Кристијано.

Ronaldo2

Тој сигурно нема да биде среќен поради најновиот развој на настаните, а кога Роналдо не е среќен, веднаш се појавуваат и шпекулациите за негово заминување од “Сантијаго Бернабеу”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.