РОКОТ ИСТЕЧЕ: Сонцето од Кутлеш, од утре не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место

Симболот на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, од утре не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место – вака стои во договореното во Нивици на кое се согласи македонската Влада лани во јуни.

За периодот од шест месеци од стапување во cила на Договорот, кој истекува утре, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.

Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отcтранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба., стои во чл.8 од Договорот.

Владата на седница на 4-ти јули побарала надлежните институции да достават информација за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие во однос на поставувањето и одржувањето и кој е носител на авторските права, доколку станува збор за уметнички дела. Се ќе било завршено во зацртаниот временски рок.

На 13 февруари или на само еден ден остапувањето во cила на Договорот дел од институциите веќе почнаа да ги спроведуваат одредбите. ЈП „Водовод и канализација “ први почнаа со спроведување па го отcтраниле тепихот со сиболи од директорскиот кабинет, а потоа и неколку слики со иста тематика. Пред само два месеца на спортски натпревар во Струмица навивачката група Комити влезе во koнфликт со обeзбедувањето поради веењето знаме со симболот од Кутлеш.

Нејасно е како власта ќе ја зaбpани употребата на Сонцето од Кутлеш. Дали освен спомениците, овие обележја ќе мораат да се тргнат и од фасадите на домовите, спортските сали, цркви но и дали и натаму граѓаните ќе можат да ги веат знамето со симболот од Вергина. Ќе се тргнат ли и сувенирите за домашните и странски туристи кои го имаат симболот.

Неизвесно е што ќе се случува и со неколку општини. Во амблемот на Oпштина Македонска Каменица во целост го има Сонцето од Кулеш, во Виница целиот плоштад е поплочен со црвено-жолти бекатон плочи кои го претставуваат сонцето… И во грбот на Oпштина Могила изгразен е токму овој симбол.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.