Рокот за легализација е продолжен до 31 декември 2016 година, посочија денеска градоначалникот Марјан Ристески и Илија Карески, раководител на одделението за урбанизам. Новото продолжување на рокот за легализација на дивоградбите по едно евро за метар квадратен важи за сите граѓани кои пропуштиле да поднесат барање, сега имаат нова шанса да го направат тоа до 31 март 2016-та, а геодетскиот елаборат да го достават до крајот на 2017 година.
„Прилеп останува лидер во целиот процес на легализација со 65 проценти решени случаи, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Од досегашните 15.367 барања за легализација, досега имаме решени 7.800 случаи. Во геодетските куќи има околу 1.000 изработени елаборати кои граѓаните треба да ги подигнат. Заедно со тоа, Прилеп стигнува до бројката од околу 9.000 решени предмети што е на задоволително ниво и останува лидер во земјава со решените случаи за легализација.