Родители, дечиња, во сабота во Прилеп се отвора BrainyBee – едукативен центар кој ќе постави нови стандарди на работа во нашиот град (Фото галерија)

Наспроти ООУ „Кочо Рацин“, веднаш до продажниот салон на “Електро Опрема”,  Прилеп ќе го добие BrainyBee – уникатен дневен и едукативен центар за деца од прво до петто одделение, кој ветува безбедност, квалитет и бесценето детско искуство.

Центарот ќе го водат млади, едуцирани педагози, кои со посветеност и ентузијазам ќе вложуваат неизмерна љубов и внимание во секое дете. Ги краси огромна енергија, ентузијазам и едвај чекаат да го пренесат сето она што го знаат на своите идни ученици.

Oтварањето е закажано за оваа сабота (30.08.), кога во периодот од 11 – 14 часот, сите деца и родители ќе можат да дојдат и да се запознаат со програмата за работа, просторот и секако тимот кој ќе работи со нив.

Од BrainyBee најавуваат прекрасна дружба и забава, како и многу изненадувања.

Во меѓувреме просторот на новиот едукативен центар полека си го добива крајниот лик. Изобилува со многу бои, го краси топол амбиент, а се со цел вашите најмали да се чувствуваат убаво, опуштено, лесно да ги совладуваат задачите и на некој начин да се чувствуваат како дома.

Што ќе понуди BrainyBee и во што ќе се разликува од конкуренцијата во градот?

-Ќе го краси прекрасна работна и топла атмосфера, учениците ќе се чувствуваат како дома, опкружени со љубов, топлина и внимание какво што заслужуваат;

-Дечките ќе добиваат грижа и поддршка каква што заслужуваат;

-Домашните задачи ќе бидат задоволство, а не главоболка за вашите најмали, ќе добиваат беспрекорна стручна помош од вредни и стручни наставници и воспитувачи;

-Учениците со леснотија ќе се подготвуваат за тестови и ќе го разбираат школскиот материјал;

BrainyBee ќе биде место со многу креативни работилници, игра, дружби…;

-Децата ќе стекнуваат нови другарства, ќе создаваат убави спомени и интелектуално ќе се развиваат и надополнуваат едни со други;

-Дневниот престој во цената вклучува и редовен вкусен и здрав оброк, како и превоз за учениците.

Наш совет е да побрзате и навреме да се јавите на телефонскиот број: 075 639 635, интересот е веќе голем, а тимот на BrainyBee нуди одличен попуст од 20% за сите уписи во јули и август.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.