Роденденска торта за 1.000 медали во 5 години постоење: ЏК Бушидо прослави мал јубилеј (ФОТО)

Џудо Клубот “Бушидо” од Прилеп го прослави својот 5-ти јубилеен роденден. На прославата беа присутни членовите на клубот, соработниците, како и медиумите.

“За овие 5 години постоење клубот успеа да се закити со повеќе од 1000 медали, од кои 70% се надвор од границите на Република Македонија, а за пофалба се и тројцата кадети, кои неодамна на Балканското првенство во самбо усепаа да се закитат со медали” – информираат од клубот.

Наредната цел на клубот се европските купови во Словенија и Унгарија, каде претставникот на клубот, а воедно и помошник на тренерот, Теодора Петреска, ќе даде се од себе да продолжи традицијата на успесите во македонското џудо, но и за прв пат некој да се закити со европски медал.

Маркукуле.мк редовно ги следи успесите на џудистите од Прилеп и редовно известува за нивните настапи во и надвор од земјата.

На ЏК “Бушидо” им посакуваме уште многу успешно оргранизирани спортски настани во нашиот град, како и нови 1000 медали за нивните членови во наредните 5 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.