Во екот на предновогодишното славје, еден од најдобрите ресторани во Прилеп – Ресторан “Деспина”, ќе го прослави и својот трет роденден.
Во изминатите три години прераснаа во угостителски бренд на градот под Марковите Кули, ресторан кој располага со богата гастрономска понуда и одлична музичка понуда.
Кај нив нема викенд, а да нема жива свирка. Гостите досега ги забавуваа голем број домашни и изведувачи од соседството, а така е и во овие претпразнични денови.
На 17. декември (вторник) “Деспина” ќе слави трет роденден со маестралната Елена Јовческа, Оливер Лозаноски, Тренд Бенд, Христијан Крстески, Шаљо и Џоџо, како и Форум Бенд.
Забавата започнува во 17часот, а за своите ценети гости ресторанот ги намали цените во менито за 30%.
Ваше е само да изберете убаво друштво и да резервирате навреме на телефонскиот број: 072 209 996 и во порака на Фејсбук страната на ресторанот.
Тимот на ресторан “Деспина” ве очекува!
Наздравје!