РК Прилеп пред нови предизвици: Нов стручен штаб, нови засилувања, финансиска стабилност и поход кон плеј оф

Ракометниот клуб Прилеп се наоѓа пред нови предизвици. После несогласувањата, клубот го напушти тренерот Томе Петрески од негови лични причини, клубот стави неколку играчи на трансфер листата, а се засили со искусниот интернационалец од Кавадарци, Јане Јанчев, информираше раководството на “РК Прилеп”.  За нов шеф на стручниот штаб го постави, Ице Соколески, дел од тимот на Лино Червар во репрезентацијата на Македонија.

16237360_10210262789077614_1172199557_n

На вчерашната пресконференција за новинарите се обратија претседателот на клубот Александар Мариноски, новиот шеф на стручниот штаб Ице Соколески, неговиот нов заменик Менде Петлески, како и новото засилување Јане Јанчев  кој се врати од Мароко да му помогне на клубот да ја оствари својата цел, пласман на плеј оф турнирот во првата лига.

  • “Оваа година ракометниот клуб Прилеп има некои новости, за кои веруваме дека претставуваат иднина за ракометот во Прилеп. Во првиот дел од сезоната завршивме на 5-тото место на табелата, при што шансите за плеј оф не се многу големи, меѓутоа за секој бод упорно ќе се бориме, со цел да го освоиме четвртото место кое води во плеј оф рундата. Се надевам дека ќе бидеме поддржани од прилепската јавност и како и до сега така и од сега ќе не бодрат. Официјално да ви го претставам и новиот играч на “РК Прилеп”, тоа е Јане Јанчев, кој последните две утакмици ги одигра за клубот, но не беше претставен на јавноста. Јане Јанчев доаѓа од Мароко, недоволно познат за нашата јаност, бидејќи играше во арапските земји. Да соопштам дека “РК Прилеп” на трансфер листа има ставено тројца играчи. До сега се гордеевме со младите играчи на Прилеп, па оваа сезона планот ќе биде ставен на тие млади играчи. Секој млад играч ќе добие шанса да се истакне и се надеваме дека од нив ќе изградиме врвни спортисти. Покрај новиот стучен штаб, именуван е и новтехнички директор, тоа е Ице Чолаков”, истакна Претседателот на клубот Александар Мариноски.

16237888_10210262789397622_1096253298_n

  • Го прифаќам предизвикот, јас сум спремен да одговорам и свесен сум што ме очекува. Заедно со сите, со целокупната прилепска јавност и со вас медиумите, се надевам дека на крај ќе успееме. Морам да нагласам дека секој клуб добро е да се темели на домашните играчи, така било и во најдобрите денови на минатите клубови, на “Тутунски Комбинат”, каде костурот на тимот се темелеше на младите играчи, а така ќе биде и во иднина и оваа пролет. Очекуваме оваа недела да ни се приклучи и нов голман, кој заедно со Огнен Трајковски и Ивчески Илчо кој се приклучува од младинскиот тим, ќе го претставува голманското трио во иднина. Имаме ситуација каде имаме склоп на многу искусни играчи со многу млади играчи, од кои заедно со мојот заменик ќе се обидам да воведам поразличен начин на работа. Досега игравме многу напаѓачки ракомет, а од сега ќе ставиме акцент повеќе на одбраната, при што со многу напор, со двојни тренинзи ќе се стремиме кон поволни резултати. Ветувам дека до последните 60 минути на секој натпревар до крајот на сезоната, ќе се бориме за секој погодок и за секој бод и ветувам дека во Прилеп нема да примиме ниту еден лесен погодок. Имаме уште 4 кола до основниот дел на првенството, ние нема што да изгубиме, како клуб и екипа можеме само многу да добиеме. Имаме силни млади играчи, тука е Јане Јанески, Давор Шотоски, кои заедно со поискусните Бозароски, Ѓорѓиоски …., верувам дека ќе успееме да одлично да ги вклопиме и со тоа да ги освоиме симпатиите на прилепската јавност. Исто така сакам да потенцирам дека младинскиот состав се засилува со нови 7 играчи. Не чека многу работа, предизвикот е пред нас”, истакна новиот шеф на стучниот штаб Ице Соколески.

16295588_10210262789757631_1695512568_n

  • “Сметам дека сум спремен да одговорам на позицијата заменик тренер на Ице Соколески и спремен сум да учествувам во секој предизвик. Мојата професија е дипломиран тренер во ракомет и професор по физичко образование. Пред извесно време започнав да работам во “РК Прилеп” каде работев со младинските категории на клубот”, истакна новиот заменик на шефот на стручниот штаб Менде Петлески.
  • “Моите почетоци ги започнав во мојот матичен клуб во Кавадарци, “Винарска визба- Тиквеш”, меѓутоа во 2012 година со финансискиот распад на клубот, заминав во Турција, каде после една полусезона заминав во Тунис, а потоа во Мароко. Меѓутоа, решив да се вратам назат, при што добив понуда од ракометниот клуб Прилеп, на која што сум благодарен. Се надевам дека ќе го пренесам моето ракометно искуство на помладите, се надевам дека ќе се бориме за плеј оф, дека добро ќе се подготвиме и веќе наредната сезона ќе бидеме далеку подобри. Сакам да ја поздравам публиката во Прилеп која важи за една од најдобрите. Пресудно за мене да дојдам во клубот беше инспирацијата да дојдам во некој помал клуб каде ќе можам да помогнам, не ми беше тешко да се прилагодам, бидејќи добро се познавам со повеќето играчи од младинските настапи. Сметам дека има голем напредок во ракометот во Македонија, а тоа се гледа по инвестирањето на клубовите и купувањето од страна”, истакна новото засилување Јане Јанчев.

Од клубот уште информација дека Грузиецот во редовите на “РК Прилеп” останува најмалце до крајот на сезоната, како и тоа дека сите обврски кон играчите до Новогодишните празници се исплатени, но и тоа дека клубот стои добро на финансиски план и така ќе биде и во нареден период.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.