РК Прилеп загyби со 14 гола разлика во Скопје

Во рамките на деветото коло на македонската Суперлига, во Автокоманда се одигра натпреварот меѓу екипите на Металург и на Прилеп. Иако настапи со комбиниран состав, без голем дел од своите првотимци, Металург ја оправда фаворитската улога и оствари убедлива победа, 38:24 (20:15).

Фото/rkmetalurg.mk

Дваесетина минути траеше отпорот на тимот на Прилеп, период кој мина во вистинска канонада на голови, бидејќи двата тима постигнаа вкупно 26 гола, 14:12. Потоа се беше во знакот на Металург, кој првото полувреме го заврши со предност од пет гола, 20:15.

Во вториот дел Металург го засили темпото и, иако поголемиот дел го одигра со нашата условно втора постава, единственото прашање беше со колкава разлика ќе ги испратиме гостите од Прилеп. Конечните +14 се реални и заслужени, како и трите нови бода на контото на Металург.

Металург: Дупјачанец 1, Кондев 5, Петковски 2, Кофилоски, Шилегов 4, Хорват 5, Серафимов 6, Лазаревски 5, Младеновиќ 2, Тарабокија 3, Тодески, Митиќ 2, Додиќ 3 и Маркоски. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 6 минути.

Прилеп: Пајкоски 1, Рустамов, Бикоски 4, Манчески, Ангелески, Дукоски, Андоноски 2, Павлов 3, Шокоски 4, Бурчески, Лозаноски, Карафилоски, Чантурија 4, Христоски, Гавашелишвили 6 и, Цинцадзе. Седмерци: 4/6. Исклучувања: 6 минути.

После 7 одиграни кола, РК Прилеп се наоѓа на претпоследното место ГРУПА Б од Суперлигата, со две победи, еден нерешен резултат и 4 порази.

Извор: rkmetalurg.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.