После поразите од Работнички и Голден Арт -КЛ7, екипата на РК Прилеп врза и трета победа по ред.
Прилепчани триумфираа на гостувањето кај РК Астарион во Струмица со 25-29 (13-17 на полувремето).
На натпреварот тренерот Кузманоски му даде прилика на повеќе помлади играчи, кои заедно со ветеранот Реваз Чантурија ја опправдаа фаворитската улога.
Токму Чантурија и Александар Трнчевски постигнаа по 6 погодоци, па следеа Андоновски и Рустамов со по 4.
Во наредното коло РК Прилеп игра против РК Младост 1977 на домашен терен.