100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци е кампањата што ја започна ланецот на супермаркети ВЕРО за следните шест месеци. Во 100-те производи се основни прехранбени производи како и средства за домаќинство и лична хигиена. Покрај новите 100 производи со замрзната цена, во ВЕРО маркетите остануваат и намалените цени на производите од новогодишната кошничка, а ќе се организираат и дополнителни акции и промотивни активности со поволности за купувачите.
Акцијата на ВЕРО денеска беше поздравена од Министерството за економија и труд, а заменик министерот Марјан Ристески заедно со директорот Петар Денковски, денеска го посетија маркетот на ВЕРО во Тафталиџе.
-Сакам да ја поздравам оваа кампања на VERO marketi, како и нивната одлука да не ги покачуваат цените на производите кои беа опфатени со „Новогодишната кошница“, со што се дава придонес за стабилизирање на цените на основните производи, во корист на потрошувачите и на граѓаните. Апелирам до сите производители, добавувачи и маркети да го следат овој позитивен пример и да ја покажат нивната општествена одговорност, да не ги покачуваат цените на производите од „Новогодишната кошница“, како и да не ги покачуваат цените на останатите основни производи – порача Ристески преку социјалните мрежи.