Пивара Скопје во 2023 година, креираше 139 милиони евра додадена вредност во македонската економија, што претставува 1% од БДП, од кои 71 милиони евра се даноци исплатени во државниот буџет. Над 8700 работни места во земјава на директен или индиректен начин се одржуваат од остварените приходи на Пивара Скопје, за кои годишно се обезбедуваат плати во износ од 37 милион евра. Секое 1 отворено место во Пивара поддржува уште 21 работно место во земјата. На секое потрошено евро од купувачите назад во општеството се враќаат 68%.
Ова се само дел од наодите содржани во новата Студија за социо-економско влијание на Пивара Скопје во Македонија која беше промовирана синоќа во , изработена од независната консултантска куќа „Стјуард Редквин“, преку анализа на податоците на работењето на компанијата во 2023 година. Целта на оваа Студија е на објективен и транспарентен начин, со помош на научен пристап, да се квантифицира и оцени придонесот и значењето на Пивара Скопје за развојот на македонската економија и просперитетот на заедницата.
На промоцијата присутен беше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој имаше и свое обраќање на настанот.
-Честитки на Скопска Пивара за одличниот настан каде ја презентираа Студијата за социо-економско влијание на компанијата во македонското општество. Студијата покажува дека Пивара Скопје има голем придонес и влијание на развојот на македонската економија, заедницата и животната средина. Оваа компанија е одличен пример за општествено одговорна компнија која инвестира во локалната заедница – напиша Ристески на социјалните мрежи.