Во организација на Општина Македонски Брод и здружението “Форум за Авангардна Креативност” викендов во Самоков се одржа четвртиот по ред адреналински фестивал SAMOKOV XTREME, на кој одново учество зедоја неколку стотини спортисти, вљубеници во природата, возачи на џипови, мотокрос, АТВ возила….
Фестивалот и оваа година го красеше одлична организација, одлично маркирани патеки, многу дружење, забава и уживање во недопрената природа на Поречието.
На фестивалот неизбежно е присуството на актуелниот заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, кој и самиот беше организатор на фестивалот во изминатите години, а сега остана голем поддржувач на истиот.
Ристески кој и самиот важи за вљубеник во природата, кој со години активно се занимава со планинарење и велосипедизам… низ годините разви нераскинлива врска со огромен број планинари, моторџии, вљубеници во екстремните спортови….
Тие пријателства ги негува и денеска, па не случајно неговото присуство меѓу стотиците пријавени спортисти на SAMOKOV XTREME беше поздравено, а дружбата овековечена низ голем број фотографии.