Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа на промоцијата на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема – набавка која е во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата од сојузничка Турција.
На настанот присутен беше и актуелниот Заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, кој истакна дека Владата е посветена на воведување на високи стандардни на работа во сите области во општеството!
-Одбраната и безбедноста се столб на секоја држава, работиме посветено Армијата на Република Македонија да биде модернизирана и технички опремена согласно НАТО стандардите. На покана на Министерот за одбрана Vlado Misajlovski денеска присуствував на промоција во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп на артилериската батерија набавена од Република Турција. Артилериската батерија е дел од континуираните инвестициите во одбраната за модернизација и развој на армиските капацитети и се состои од шест хаубици 105 mm, „Боран“, како и друга поврзана опрема. Посветени сме на воведување на високи стандардни на работа во сите области во општеството – напиша Ристески на социјалните мрежи.