Ристески: Животниот пат, посветеноста кон Бог и милостa на Мајката Божја нека бидат наши сопатници, за многу години”

Актуелниот заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, упати честитка до православните верници по повод денешниот празник Успение на Пресвета Богородица.

“На сите верници од православна вероисповед, Ви го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица!

Овој голем празник е симбол на добрината и безрезервната љубов на Мајката Божја.

Нејзиниот животен пат, посветеноста кон Бог и милостa, нека бидат наши сопатници.

Нејзината чистина и искреност постојано нека зрачат.

Овој празник на спасението и надежта, нека донесе во секој дом слога, разбирање и хармонија.

Овој голем и возвишен ден се одбележува со Божествена литургија во преубавиот манастирски комплекс – споменик на културата, Успение на Пресвета Богородица – Трескавец. За многу години!”

https://www.facebook.com/share/p/19PJat8oZD/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.