Ристески: “Во Прилеп криминалот, митото, непотизмот и злосторничкото здружение ќе бидат изметени на 5-ти мај. Гласајте за број 2” (Видео)

Македонија е разбудена!!! Видовме на 21-ви април, а ќе го докажеме и во недела на 5ти мај со победата на професорката Гордана Силјановска-Давкова! Во недела ќе гласаме за горда, достоинствена, просперитетна Република Македонија! Во недела ќе ставиме крај на политиките од транзицијата,политиките на лаги и предавства – истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Големите веѕувања на сдс се претворија во огромни лаги. Излажени се сите: ученици, наставници, студенти, професори, земјоделци, работници, пензионери, лекари. Ништо од 600км автопати, нема 500евра најниска плата, нема повисоки пензии, нема 100.000ден. плата за лекарите, нема повисока капитација за стоматолозите, сметките за вода наместо ветените 20% пониски, се повисоки за 60%.

Во Прилеп нема ниту една нова инвестиција, ниту една нова фабрика, ниту едно ново работно место, поради што младите се иселуваат од градот како никогаш претходно.

Наместо живот за сите, за 2години донесоа пекол.
Во Прилеп владее криминалот, злосторничко здружение на сдс како што сами ни кажаа. Во Прилеп царува непотизмот, митото и корупцијата.

Ги истргуваа уставното име, идентитетот, историјата со ветување за европска иднина. Но, еве видовме дека и тоа било лага. Во ЕУ не се влегува со променето име, обезимена и обезличена држава. Во ЕУ не не’ сакаат без реформирано судство, образование, здравство во кое секој ден умираат луѓе од обичен грип.

Во ЕУ не се влегува со метла и партиско ѓубре, за таму треба многу работа!

Почитувани прилепчани,

Затоа ве повикувам во недела на 5-ти мај заедно сите сплотени, како никогаш до сега без страв, храбро да гласаме за број 2, за проф.д-р Гордана Силјаноска Давкова.

Да гласаме за во Република Македонија конечно да завладеат правото и правдата! Да гласаме за горда, достоинствена, европска Република Македонија бидејќи тоа му го должиме на нашите предци, но и на идните генерации.
Победивме на 21-ви, ќе победиме и сега!!!
Македонија ќе победи!!!
За број 2!!!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.