Ристески во посета на рeномирани компании во Битола: “Поддршката продолжува, предвидовме многу средства за отварање сопствени компании”

Денеска, заедно со Anna Chernyshova, заменик постојан претставник на UNDP MK во Македонија посетивме повеќе успешни бизниси во Битола, корисници на мерката „Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“ – напиша на социјалните мрежи заменик министерот за труд и економија, Марјан Ристески.

-Компанијата Млекара Велковски – Vemilk е исклучително успешна компанија, регионален пионер во млечната индустрија и производство на млечни производи. Млекара Велковски се корисници на зелената мерка од 2023 година, каде го користат грантот за набавка и инсталирање на соларни панели како дел од системот за топла вода и реализираат дополнителни вработувања.

Компанијата Фуд Републик Food Republic.mk се промотори на локални производи и пијалаци на автентичен начин преку продажба и уредување на уникатно продажно место – задолжителна точка за сите туристи во Битола. Фуд Републик се корисници на зелената мерка од 2003 година, преку добивање на грант за инвестиција во кујнски машини потребни во делот на служење.

Поддршката продолжува, Министерството за економија и труд и Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година предвидуваат многу средства за програмите за самовработување и поддршка за отворање на сопствени компании – стои во објавата на Ристески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.