Екс градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, на Фејсбук ја прокоментира посетата на странската фабрика “Гентерм”, од страна на актуелниот градоначалник, Илија Јованоски и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
– Ај да се налет не сторите, не изнасмеавте со посетава на “ливадава” моја – “мајтапџии” низаедни! Не ви е ни од Прочка, ни од 1-ви Април ви е, од Св.Трифун ќе да е… ЗА МНОГУ ГОДИНИ! И едно симпатично прашање до визитариве: “Како а…добра е фабриката, колку вработени има во Гентерм и зоната?” – напиша Ристески.