Негрижата и неспособноста на надлежните доведе до еколошка катастрофа на прилепското вештачко езеро. Купишта изумрена риба има на брегот од езерото, кое одново остана без вода – посочи на денешната прес конференција Тони Ризески од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:
“Во период кога сеуште активно се работи во полињата и кога земјоделците се соочуваат со страшна суша, одново е испуштена водата во езерото и одново се предизвика уништување на рибниот фонд.
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати апелираше за ваквото катастрофално менаџирање со езерото од страна на кадрите на власта, а сега одново ги прашуваме:
Кој ќе ги надомести штетите на земјоделците кои уредно имаа потпишано договори за наводнување, а во текот на целиот летен период се соочуваа со недостиг на вода?
Зошто по втор пат се испушта водата и дали некој ќе сноси одговорност за поморот на рибите?
Каде ви е совеста и како можите да си поигрувате со трудот и маката на луѓето кои секојдневно работат по нивите за да обезбедат егзистенција на своите семејства?
Дали овој пат ќе го промените испусниот вентил на браната и дали на вистинско место ќе завршат 9 милиони денари, пари кои се предвидени за таа намена?
Почитувани,
Наместо спортско-рекреативен центар со игралишта, патеки и место за рекреација и уживање, како што ветуваше градоначалникот Илија Јованоски, денеска езерото е претворено во пустелија, во eдно грдо место, кое повеќе никој не сака да го посети.
Уништувањето на вештачкото езеро во Прилеп е уште еден од низата скандали кои власта безуспешно се обидува да ги скрие, но како и за се’ претходно верувајте дека ќе одговараат.
Ќе одговараат за сите криминали сакале и не! На Македонија и следува обнова и Македонија конечно ќе ја предводи власт која ќе гарантира правна држава за сите!”