Доколку утре се одржат парламентарни избори секој четврти граѓанин (25%) би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ би гласале 23.1%, покажуваат резултатите од најновата анкета на М-проспект.
М-проспект изврши испитувањето на јавното мислење кое е спроведено со теренска анкета во периодот 15-ти мај до 7-ми јуни годинава.
Според истата, за ДУИ би гласале 5.1%, за Алијанса за Албанците би гласале 4.2% и за БЕСА 2,1%.
Споредено со резултатите од пред една година, може да се забележи дека гласовите за СДСМ се намалени (25.5% во 2018), а за ВМРО-ДПМНЕ зголемени (20.6% во 2018).
-Секој трети етнички Македонец би гласал за ВМРО-ДПМНЕ – 34%, додека пак 26.6% би гласале за СДСМ. Од етничките Албанци 10.8% би гласале за СДСМ, 22.6% за ДУИ, 19.3% за АА, 9.8% за БЕСА, велат од М-проспект.