Решете се од болната менструација на потполно природен начин – само 15 минути се доволни да почне да делува

Жените треба да се обратат на доктор доколку менструалните болки почнат да влијаат на извршувањето на секојдневните активности.

Не се познати сеуште точните причини за ваквата состојба, но некои ризични фактори се нередовната менструација, пушењето, наследните болни менструации кои ги имале и други членови во семејството, ран пубертет….

Причини за болните менструации можат да бидат и преносливите инфекции.

Еве кога треба да посетите лекар:

-крварите помеѓу менструации; од месец во месец болката е се поголема; во областа на карлицата имате болки и кога немате менструација; при промената на влошките чувствувате болка; периодот ви е прекинат; чувствувате грчеви кои се пропратени со мачнини.

Еве како да се решите по природен пат од болните менструации:

Топли купки и облоги, топлината ја подобрува циркулацијата и ќе ги прошири крвните жили, за посилни болки користете термофор. На долниот дел од грбот можете да ставите облога, а можете истото да го направите и на стомакот. Многу е важно облогите да се топли.

Освен тоа, здравата храна и храната која е збогатена со есенцијални масни киселини, витамини Б, Ц и Е, како и магнезиум, калциум и цинк, ќе ви дојдат повеќе од добро.

Против воспаленија и грчеви можете да пиете чај, како што се ѓумбир и камилица. Масирајте го грбот и стомакот, така ќе ги опуштите мускулите. Ќе ви помогнат и вежбите, како што е пливањето, јогата, аеробикот. Техники за опуштање и лежење со свиткани колена, или подигање на нозете – сето тоа ќе ви помогне.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.