За да бидат шејковите за слабеење ефикасни, потребно е секогаш да користите свежо овошје и зеленчук. Во случај да не се одгледувани органски, тогаш добро отстранете ја кората, за да го решите проблемот со штетните хемиски супстанции кои се наоѓаат на неа.
Исецкајте ги на мали парчиња, па ставете ги во блендер. За да добиете изедначена маса додадете две коцки мраз. Ако вашиот апарат не може да го здроби мразот, тогаш користете ладна вода или овошен сок. Ако домашниот шејк за слабеење не биде доволно густ, додајте му уште овошје, а ако биде премногу густ, додајте му течност. А сега следи рецептот за кисел шејк за слабеење.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Бело грозје, едно зелено јаболко исечено на парчиња, лимета, лимон, малку свеж ѓумбир и газирана минерална вода.
Како се прави киселиот шејк?
Најпрво јаболкото и ѓумбирот ставете ги во блендер, а потоа додадете го и останатото овошје.
Наполнете половина чаша со овошната смеса, па додадете минерална вода. Пијте го ладен, најдобро со мраз.
Ф.Г.