Палачинките се омилен десерт на огромен број луѓе, но жените често ги избегнуваат за да не стават некој килограм повеќе. Поради тоа пронајдовме рецепт за палачинки кој е подеднакво вкусен, но не дебелее.
Па, зошто не би пробале?
Потребно ви е:
- 1/2 чаша со овесни снегулки
- 1/2 чаша кокосово брашно
- 1/2 чаша просо
- малку сол
- 1 лажичка шеќер или мед
- 1/2 прашок за пециво или лажичка сода бикарбона
- 1 лажица безглутенско брашно
- 2 јајца
- 2 dl млака вода
- 1 лажица масло
Подготовка:
Овесот, кокосот и просото сомелете ги во млин за кафе. Овесните снегулки нека бидат убаво сомелени, како и просото и кокосот. Соединете ја смесата со остатокот од намирниците. Потоа новата смеса оставете ја да отстои петнаесетина минути во фрижидер.
Во тавче загрејте масло, а при турањето од смесата внимавајте да не ставате голема количина, за да палачинките не ви бидат дебели.
Печете од двете страни додека палачинките не поруменат. На крајот намачкајте ги палачинките со мед.
Добар апетит!
А.Г.