Денешниот ден донесе слаба излезеност на оние кои денеска имаа можност да го остварат своето право на глас на референдумот.
Слаба излезеност имаше и кај македонската дијаспора, но и кај затворениците и болните и изнемоштени граѓани.
Најголема е разликата кај дијаспората – 17.200 граѓани гласале на изборите, но денеска не се појавиле на избирачките места. Кај болните и изнемоштени лица разликата е околу 6500 гласа.
2016 година:
Болни и изнемоштени 8.000
Дијаспора: 20.000
Затвореници: 2.000
Вкупно пријавени за гласање 30.000 од кои своето право на глас го искористиле 22.000
2018 година:
Болни и изнемоштени 1.500
Дијаспора: 2.800
Затвореници: 1.700
Вкупно пријавени за гласање 5.500 од кои своето право на глас го искористиле околу 3.000
Разликата на оние кои гласале во 2016 година и оние кои се изјасниле на референдумот е огромна, односно денеска се изјасниле само 13.7 отсто од оние кои го оствариле своето право на глас на изборите во 2016 година.