Ретроспективната изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт во среда во Прилеп

Ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт ќе биде отворена на 11 март, среда, од 19 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“.

Ќе бидат изложени 30 дела, со кои уметницата ќе одбележи 35 години творештво.

– Сакам на прилепската публика да и го пренесам моето творештво. Сликите се работени во различни периоди, акрил на платно се и на картон. Мотивите се најралични. Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во мојот роден град – вели уметницата.

Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во Македонија, во САД и низ Европа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.