Синоќа во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ беше одржана ретроспективна изложба на која беа презентирани повеќе маски од досегашните карневалски изданија, а исто така беше промовирана и Монографијата за 15-тото јубилејно издание на карневалот. На изложбата земаа учество градоначалникот Марјан Ристески како и гостите на карневалот, кои секоја година даваат максимален допринос со своето учество.