Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска вojна. Да се потсетиме како општина Прилеп го прослави “Денот на Европа”пред две години.
“Додека светот и Европа го прославуваат 9-ти Мај како “Денот на победата над фашизмот”, во Прилеп барем според пишаното на веб страната на општина Прилеп, се вели дека се празнувал “Денот на победата НА фашизмот”.
Во ред е човек да погреши или да каже некој гаф од невнимание, но да направиш ваква катастрофална грешка, особено на денот кога светот, Европа и Македонија, се сеќаваат на милиони жртви од Втората светска војна, е недозволиво!
Информацијата со таков наслов веќе неколку часа виси на веб страната од општината”.