За прославата за 70-годишниот јубилеј на Академското културно уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Македонскиот народен театар не може да се најде термин, ни луѓе за да ја отслужат прославата. Претходно, одбиен беше и настапот на хорот „Мирче Ацев“ од истите причини.
Менаџерот на КУД „Мирче Ацев“ Благоја Јовановски за „Република“ вели дека биле одбиени од театарот и од Филхармонија.
-Хорот прослави во Музејот на народна борба, а јубилејот ќе го прославиме во Македонска опера и балет. Од МНТ ни кажаа дека нема термин, а потоа и дека немаат луѓе за работа за да не опслужат. Не ни кажаа колку треба да се плати за тие луѓе, ние би си платиле на фактура, можеби очекуваа нешто под рака, вели Јовановски.
Во петокот во МНТ јубилеј обележаа „Шверцери“, поддржувачите на Шкупи.