Репертоар на кино “Mис Стон”

10391693_988313067915830_4592432080053075984_n

Победник на наградата ОСКАР за најдобар филм.
Филмот е заснован на вистинска приказна од 2002 година, кога тимот на бунтовниот новинар на Бостон Глоуб почнува да ги истражува наводите за злоставување деца во католичката црква. Нивното долготрајно истражување открива децении заташкувања на највисоките нивоа од верскиот, од правниот и од државниот систем. Тие го придвижија бранот револуции во целиот свет. Филмот доби шест номинации за Оскар – за најдобар филм, за најдобра режија (Томас МекКарти), за споредна машка улога (Марк Рафало), за споредна актерка (Рејчел МекАдамс),
за монтажа и за оригинално сценарио.

Грета, млада девојка од Америка, барајќи начин да му побегне на своето проблематично минато, прифаќа работа како дадилка во мало англиско гратче каде треба да чува осумгодишно дете од богато семејство, додека родителите се на долг одмор. Веднаш при пристигнувањето Грета открива дека детето, всушност, е кукла во природна големина која богатата двојка ја користи како одбранбен механизам поради смртта на нивното дете пред две децении. Сепак, Грета решава да остане, но кога нема да ги испочитува строгите правила за негова грижа, низа вознемирувачки и необјасниви настани доведуваат до нејзиниот најголем кошмар, наведувајќи ја да помисли дека куклата е жива.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.