Одделението за комунални работи при Локалната Самоуправа покрај изведбата на водоводна и канализациона мрежа и асфалтирање на поголем дел од улиците во нашиот град работи и на реновирање на потпорните ѕидови на улиците: „Илија Игески“, „Преспанска“, „Лазо Филипоски“, и на улицата „Благоја Крстески“. Санацијата на потпорните ѕидови е со цел да се спречи можноста од лизгање на земјиштето кое може да предизвика материјални штети, кај жителите кои живеат во нивна близина.
Инфраструктурните зафати од ваков тип ја чинат општината 3.686.320 денари.