Во периодот од 2005 до 2017 година се случи рекордно намалување на невработеноста во Прилеп. Во 2005 година биле регистрирани 25.033 невработени лица, а во 2017 се регистрирани 13.835 невработени лица. Што значи невработеноста за периодот од 2005 до 2017 година е намалена за 11.198 лица.
Бројот на невработени лица во Прилеп е намален поради добрата соработка и координација која во изминативе години АВРМ ја има со Општина Прилеп, бидејќи Прилеп беше прва општина во Македонија која направи Економски совет кој помага дополнително на Агенцијата за креирање на нивните политики и мерки кои ги даваат.
Голем придонес кон ова намалување на невработеноста секако дадоа и мерките на АВРМ како што се : „Македонија вработува 1“, „Македонија вработува 2“, мерките за самоврабитување со грантови и кредитирање и други.
Невработеноста во Прилеп се намали и поради отворањето на Слободната економска зона – ТИРЗ „Прилеп“ кај Алинци каде влезе американскиот гигант во автомобилската индустрија „Гентерм“, а наскоро во оваа зона со работа ќе започне и германски „Акомпласт“. Од Центарот за вработување од Прилеп велат дека заедно со локалната самоуправа и АВРМ, имале одлична соработка и со странските инвеститори во регионов. Практично Центарот за вработување од Прилеп служеп како едно големо одделение за човечки ресурси на овие компании, им помагале за собирањето на податоците за луѓето кои сакаат да се вработат во овие фирми, ги повикувале лицата на интервјуа, и исто така им помагале во процесот на изборот. Со најновите интервјуа во „Гентерм“ моментално има околу 800 вработувања. Инаку бројката на вработени прилепчани во трите странски инвестиции : „Гентерм“, „Акомпласт“ и „Дрекселмајер“, кај Кавадарци, изнесувала околу 1.500 лица.
Во текот на оваа година во ТИРЗ „Прилеп“ се очекува влез на уште една до две нови странски компании, што ќе придонесе за уште поголемо намалување на невработеноста.
Исто така за намалување на невработеноста придонесува и изградбата на индустриската зона „Прилеп 1“, каде веќе функционираат 2 погони, а уште неколку се во градба. Таму треба да се изградат 10-тина погони, кои се очекува да вработат околу 1.500 лица. Нови вработувања се очекува и во индустриската зона „Прилеп 2“, каде веќе се продадени 5 парцели.
За намалување на невработеноста придонесоа секако и новите вложувања и инвестиции на домашните компании како Витаминка, Прилепска пиварница, Мермерниот комбинат, Комфи Ангел, Васидора, Кули, Микросам и многу други фирми, кои скоро секој ден имаат отворање на нови работни места.
Со влегувањето на големите мултинационални компании и со проширувањето на домашните компании новитет од новата учебна година во Прилеп ќе биде тоа што стручните училишта во градот ќе се насочеле во контекст на продуцирање на кадри кои во иднина можат да најдат вработувања во овие компании. Преговорите со компаниите за овој проект веќе биле во тек. Крајната проекција е во 2017 година да се отворат нови 2.000 работни места во Прилеп