Интернет купувањето ги привлекува македонските граѓани
– Продажбата на домашниот пазар зголемена двојно за два месеца
За два месеца од инсталирањето на интернет, електронската продавница Сомниашоп на компанијата Комфи ангел урива рекорди со пласманот на неколку десетици производи. Првата интернет продавница на компанијата достигна продажба на околу 50 отсто од пласманот на големо во земјава. Младите луѓе на македнско – британската компанија кои ја пласираа и ја реализираа идејата, поддржани од менаџментот, веќе се носат со идеја продавницата да ја прошират и да добие регионален карактер со можност за пласман на палетата на производство и во соседни земји и пошироко. Со пристапот до страницата somniashop.com граѓаните од дома купуваат различни видови, дезени и димензии на перници, јоргани, душеци, над душеци, комплети и додатоци. Довербата за компанијата е клучен елемент. Затоа се гарантира квалитетот ист како за европските пазари. Плус политика за враќање за 15 дена, ако случајно производите не ги ги задоволуваат стандардите за прва класа. Постои обврската за заштита на купувачот преку враќање во целост на паричните средства или со замена на производот со соодветен.
Квалитетот е како за европските купувачи. Компанијата овозможува за 99 денари транспорт до вратите на купувачите насекаде во земјава за 2 до 4 работни дена преку безбедна карго компанија најпрвин со контакт на телефон и со неколкукратни обиди. Серверот е во Германија, а заштитата на податоците на сметките на граѓаните е сто отсто сигурна. Податоците се трансмитираат преку современи безбедносни системи на фирмата КАСИС од Скопје, која располага со сертифициран процесинг центар од регионален размер. Податоците одат исклучиво во процесорот на овластена фирма во Македонија која ја гарантира заштитата и со законската регулатива.
Инвентивните луѓе на Комфи ангел се погрижиле на порачките над 3000 денари да ги сметнат трошоците за транспорт на нула, а за поголемите нарачки да упатуваат и подароци за клиентите. За муштериите кои не се упатени толку во интернетот им стојат на располагање за контакт со телефон за да ја извршат и добијат нарачката. За најверни фанови организирани се наградни игри со вредни подароци од палетата на производи.
Извор: Неделник Зенит