Утре 20.04.2016 (среда) со почеток од 19:00 до 20:00 часот, пред споменикот “Карпалак” во центарот на Прилеп, ќе се одржи ОПШТОНАРОДЕН СОБИР со наслов “Резервна Македонија немаме”.
Настанок ќе биде проследен со музика, поезија и драма, а целта на ваквиот собир е да се покаже дека мнозинството граѓани во Прилеп се против насилство, деструкција, уништување и анархија.
Сплотени како едно да покажеме дека оваа држава е се што имаме и дека цело срце и душа го даваме за единство, напредок, мир и спокој.
Да им кажеме НЕ на погубните политики и на негативните струи кои државата ја туркаат во нереди и хаос.