Редовно на пиедесталот: Јоноски втор, Ристески трет – прилепските пингпонгари по обичај одлични на турнирите (ФОТО)

Изминатиот викенд во Берово се одржа Телеком Мастерс турнирот во пинг понг за кадети до 15 години

Ова беше прв од двата серијали на бодовни Мастерс Телеком турнири, а младите прилепски пингпонгари од Младост 96 по обичај се искачија на пиедесталот.

Давид Јоноски го освои второто место, а Мартин Ристески турнирот го заврши како третопласиран. Првото место пак му припадна на Кристијан Каламадески од Берово.

На 3. мај следи вториот Телеком Мастерс турнир, а кон крајот на мај Државното првенство, додека пак по него ќе се одржи и завршниот турнир Топ 8 на најдобрите 8 од ранг листата У15.

Честитки за младите прилепски пингпонгари и желби за успех на престојните натпреварувања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.