Регулаторна ја соопшти одлуката: Oва се новите цени на гopивата

Цените на бензините од полноќ се намалуваат за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит.

Се намалува и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега ќе се продава по 26,215 ден/кг.

– Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги за периодот од 1 јули до 15 јули 2020 година на берзанските цени на нафтените деривати покажуваат дека средната дневна берзанска цена на горивото Prem Unl 10 ppm, кое служи како основа за пресметка на цените на бензините, на медитеранската берза публикувана на Platts е повисока од 390 USD/тон. Ова значи дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата за примена на законот за акцизите за време на вонредна сосотјба, дополнителната акциза за безоловен бензин се намалува од 3 на 2 денари и истата е инкорпорирана во денешната одлука со која има намалување за 1,50 денари за литар на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.